
Деликатесите на татарската кујна: ечпочмак и чак-чак

Да дојдете во Татарстан и да не пробате чак-чак или ечпочмак е речиси невозможно! Уличната храна во Казан има длабоки корени. Овие јадења се познати уште од времето кога Татарите јавале толку многу што морале да јадат во седлото. А тоа што го јаделе морало да биде и хранливо и вкусно!
- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа

Триаголната пирошка полнета со месо и компири наречена ечпочмак е класично јадење од татарската кујна кое одлично се вклопува во форматот на брзата улична храна. Ечпочмак е толку познат во Казан што му подигнаа споменик!

А парчињата крцкаво тесто богато прелиени со сладок сируп од мед - тоа е традиционалниот татарски деликатес наречен чак-чак. На татарски јазик чак-чак значи „малку“. Можеби тоа се однесува на малите парчиња тесто од кои се прави овој десерт. Некои сепак мислат дека името доаѓа од звукот на ножот кој ги сече парчињата крцкаво задоволство.