
Уљуш: Башкирска супа со млад зеленчук (РЕЦЕПТ)

- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Башкирската кујна спаѓа меѓу најпознатите и најразновидните кујни на сите народи на Русија.
Пред многу векови номадските племиња се собирале околу оган и вареле топло течно јадење со месо.
Овие луѓе биле предци на современите жители на Република Башкирија. Понекогаш додавале зеленчук во уљушот.
И денес, оваа традиционална супа го симболизира заедништвото и единството, како и целиот процес на споделување храна меѓу блиски луѓе кои се почитуваат едни со други. Името уљуш доаѓа од башкирскиот збор што значи „порција“. Честопати зборот уљуш се користи за означување на варено месо. За време на оброк, многу е важно секој да добие еднаков дел од месото и зеленчукот, заедно со булјонот.
Основниот принцип на готвење на оваа супа е прилично едноставен. Најпрво се подготвува богат и густ говедски булјон. Потоа се додаваат големи парчиња компир, моркови и зелка. Зачини кои се користат најчесто вклучуваат бибер и ловоров лист.
Горенаведениот зеленчук е лесно достапен во текот на целата година. Меѓутоа, во средината на летото, кога е подготвен првиот млад зеленчук, оваа супа е особено вкусна. Покрај обичен компир, решив да додадам и млад компир што се вари во сопствената кора. Свежо набрана зелка и морковот го надополнуваат свежиот вкус.
Уљушот обично се служи со свежи зачински билки и сиров кромид исечен на половина прстен.
Користев и млад кромид и свеж магдонос од мојата сопствена бавча. Уљушот може да се служи и како предјадење и како главно јадење, а особено е вкусен кога се јаде со традиционални печива.
Состојки за 2 порции:

- Говедско месо - 350 г
- Компир - 2 големи и неколку млади компири
- Мал морков - 2 пар.
- Зелка (млада) - 1/2 глава
- Кромид - 1/2 за булјон
- Млад кромид за сервирање
- Магдонос
- Сол по вкус
- Бибер по вкус
- Ловоров лист - 3 пар.
Подготовка:
1. Месото се прелева со ладна вода со зачини и сол и се остава да крчка 3,5 часа.

2. На почеток ќе треба да ја тргате пената од булјонот.

3. Кога месото ќе омекне, ќе знаете дека булјонот е готов.

4. Процедете го.

5. Компирите, зелката и морковот крупно исечкајте ги.

6. Ставете го зеленчукот во булјонот.

7. Супата е готова кога ќе се свари зеленчукот.

8. Зеленчукот се става на чинија, па се додава месото.

9. Се прелева со булјонот.

10. Додајте свежи зачински билки и благ кромид.

Пријатен апетит!
