Дали во СССР имаше чоколадо?

Russia Beyond (realstockvector/Getty Images; «Красный Октябрь»; «Бабаевский»)
Russia Beyond (realstockvector/Getty Images; «Красный Октябрь»; «Бабаевский»)
Детството на оние кои пораснаа во Советскиот Сојуз навистина беше проткаено со вкус на разни чоколатца, чоколадни фигури и комплети.

Омилените чоколади на многу Руси денес се создадени во советските години, па дури и порано. „Аљонка“, „Инспирација“, „Стратосфера“, „Црвенкапа“, „Мечка на север“ - овие и многу други чоколади предизвикуваат напад на носталгија кај Русите родени во СССР. Така што, зошто чоколадото од советското детство се чини повкусно од чоколадото денес?

Како се појави чоколадото во СССР

Чоколадото пристигнало во Русија од Европа во XVIII век и веднаш станала популарна. До почетокот на ХХ век во Русија веќе имаше стотици фабрики за чоколада. Најпознати беа „Абрикосов и синови“, „Ејнемовата фабрика“, „Трговската куќа на Адолф и Ежен Сиу“ (повеќе за историјата на чоколадото во Русија прочитајте ТУКА). Меѓутоа, чоколадото, сепак, беше многу скапо и недостапно за повеќето луѓе.

Евгений Леонов / Sputnik Во фабриката „Абрикосов и синовите“ кон крајот на XIX век
Евгений Леонов / Sputnik

По болшевичката револуција во 1917 година и граѓанската војна (1918-1923), фабриките за чоколади беа национализирани и добија нови имиња кои се познати и денес. Ќе споменеме некои: „Бабаевски“, „Црвениот Октомври“, „Болшевик“, „Рот фронт“.

За време на Втората светска војна фабриките за кондиторски производи сместени во близина на фронтот беа евакуирани во други градови и региони: Пенза, Новосибирск, Самара (тогаш Кујбишев). Чоколатцата, заедно со други производи, потоа им беа испраќани на војниците на фронтот.

Анатолий Гаранин / Sputnik Работнички во фабриката „Црвениот Октомври“ подготвуваат подароци за борците на Црвената армија, Москва, 1941 година.
Анатолий Гаранин / Sputnik

Вистинскиот подем на индустријата за чоколади започна дури по војната. Производството во СССР растеше секоја година. Во 1913 година, увозот на зрна какао во Руската империја изнесуваше нешто повеќе од 5000 тони (околу 30 грама по човек во земјата!), во 1938 година - речиси 15000 тони (околу 90 грама по човек), до 1987 година - 148000 тони (што беше повеќе од 500 грама по човек!).

Советското чоколадо почна да се извезува дури и во странство. Во 1970-тите и 1980-тите, бројките беа околу 4600 тони кондиторски производи.

А. Воротынский / Sputnik Продавница за слатки во Москва во 1960 година
А. Воротынский / Sputnik

Зошто советското чоколадо беше толку вкусно?

Луѓето кои пораснаа во СССР се сеќаваат на вкусот на тоа чоколадо. Иако недостасуваа многу стоки, чоколадото можеше да се набави во секое време, а беше релативно евтино. Се разбира, пред празници како Нова Година и 8 март, најпопуларните чоколадни комплети ги грабаа од полиците. Остатокот од времето, практично секоја продавница за прехранбени производи имаше локални чоколади направени според Државниот стандард (ГОСТ), користејќи само природни состојки. Меѓу фабриките немаше конкуренција и сите произведуваа според државните упатства. Да, се доделуваа и награди на производителите, но немаше потреба да се мами за составот или тежината на стоката. Чоколадите во Москва беа исти како во Хабаровск.

Владимир Родионов / Sputnik Дегустатори на фабриката „Црвениот Октомври“ (Красный Октябрь), 1979.
Владимир Родионов / Sputnik

Палминото масло првпат беше увезено во СССР во 1961 година, за проба, како експеримент. Но, дури кон крајот на 1970-тите и почетокот на 1980-тите почна систематски да се користи во прехранбената индустрија. Меѓутоа, и неговата количина беше регулирана со ГОСТ. Исто така, зрната какао беа со висок квалитет. Какаото се увезуваше од африканските земји, на кои Советскиот Сојуз за возврат им изгради фабрики и хидраулични конструкции.

Рудольф Алфимов / Sputnik Во фабриката „Рот Фронт“ 1979.
Рудольф Алфимов / Sputnik

Омилени советски чоколади денес

Сигурни сме дека Советскиот Сојуз немаше човек кому не му е познат  вкусот на чоколадото „Аљонка“. Знаете, она чоколадо што на обвивката имаше мало девојче завиткано во шал. Оваа прва советска млечна чоколада се појави во 1965 година и беше омилена во целата земја, поради нејзиниот деликатен вкус и пристапната цена.

Russia Beyond (realstockvector/Getty Images; фабрика имени Н. К. Крупской; «Красный Октябрь») „Аљонка“
Russia Beyond (realstockvector/Getty Images; фабрика имени Н. К. Крупской; «Красный Октябрь»)

Чоколадата „Инспирација“ (Вдохновение) со Бољшој театарот на обвивката се појави во 1967 година. Тоа беше првата чоколада во земјата во кое секоја плочка беше завиткана во посебна фолија.

Најпопуларни и најпосакувани чоколади беа „Мечка на север“ (почнаа да се произведуваат во 1939 година во Ленинград (денешен Санкт Петербург), „Црвенкапа“, полнети со пралине од ореви и обложени со чоколадо (произведувани од 1955 година во фабриката „Црвениот Октомври“), „Стратосфера“ и „Суфле“ (произведувани од 1936 година).

Фред Гринберг / Sputnik Чоколади на фабриката „Црвениот Октомври“ (Красный Октябрь)
Фред Гринберг / Sputnik

Во 1970-тите, на полиците на продавниците се појавија големи чоколади со назив „Гуливер“ - со големина колку неколку обични. И тие имаа фил од вафли. Како по правило, родителите им даваа такви чоколади на своите деца за празници.

Советскиот Сојуз произведуваше и чоколади познати пред револуцијата. Најпознати беа „Несмасниот медо“, „Цитрон“ и „Обиди се да ја грабнеш“. Сè уште можат да се најдат во руските продавници.

<