Кокурки: Ова печиво во Русија се подготвува од преостанати велигденски јајца (РЕЦЕПТ)

Јулија Мулино
Јулија Мулино
Различни региони на Русија имаат свои рецепти за „кокурки“. На пример, во областа околу реката Волга се печат со варени јајца што останале по Велигден. Ги пробавме и можеме да кажеме дека волшките „кокурки“ се хранливо и вкусно јадење.

Кокурките се печиво од едноставно тесто со полномасна павлака. Името на јадењето најверојатно доаѓа од зборот „кокур“ што значи паричка.

Кокурките во Русија се познати како печиво без полнење, но најинтересната верзија содржи во себе цели варени јајца. Овој рецепт е најзастапен во областа околу реката Волга.

За нивна подготовка почесто се користело 'ржано брашно, кое било подостапно во селските домаќинства. Благодарение на него, јајцата не се расипувале неколку дена. Обично селаните ги носеле на поле или на патувања. Тоа е едноставно и хранливо јадење, а вакви кокурки се подготвувале и во текот на целата година, не само по Велигден. Денес тоа е повеќе атракција на руската кујна, но љубителите сè уште ја подготвуваат за своите домашни.

За да го направам, користев мешавина од 'ржано и пченично брашно, што денес е почест начин на подготовка. Затоа тестото е помеко и посочно. Павлаката со 30% млечна маст е идеална за мешање на тестото.

Повеќе сакам кога ги јадам кокурките да ги макам во павлака или да ги јадам со млеко. Може да се послужат со супа или чорба како предјадење, со салата, свежи или кисели краставици или пак да ги понесете на пикник. На свеж воздух опкружени со природа ќе бидат уште повкусни.

Состојки за 6 порции:

Јулија Мулино
Јулија Мулино
  • Варени јајца – 6 пар.
  • ‘Ржано брашно - 70 g
  • Пченично брашно - 130 g
  • Павлака (30% маснотија) - 200 g
  • Сол - 1/2 лажичка
  • Вода – 5 лажици (по потреба)
  • Путер за премачкување - 30 g

Начин на подготовка:

1. Измешајте ги двата вида брашно и солта.

Јулија Мулино
Јулија Мулино

2. Додајте ја павлаката и изматете во миксер или рачно додека да се соединат. Додадов и 5 лажици вода.

Јулија Мулино
Јулија Мулино

3. Тестото обликувајте го во топка и покријте го со фолија или крпа. Оставете да отстои 30 минути.

Јулија Мулино
Јулија Мулино

4. Поделете го на 6 дела и направете топчиња. Јас имав само 5 јајца, па на фотографијата се прикажани 5 дела тесто. Инаку, количината на тесто е доволна за 6 кокурки.

Јулија Мулино
Јулија Мулино

5. Секој дел од тестото расукајте го со сукало. На средината на тестото ставете варено јајце и замотајте го на начин тестото целосно да го допира јајцето и внатре да не остане воздух.

Јулија Мулино
Јулија Мулино

6. Отсечете го вишокот тесто на рабовите.

Јулија Мулино
Јулија Мулино

7. Со притискање цврсто спојте ги рабовите.

Јулија Мулино
Јулија Мулино

8. Рерната загрејте ја на 180℃.

Јулија Мулино
Јулија Мулино

9. Тестото можете да го премачкате со жолчка за да биде порумено. Јас не користев, затоа што планирав кокурките подоцна да ги премачкам со путер, што го прави печивото уште покрцкаво и ароматично.

Јулија Мулино
Јулија Мулино

10. Печете 30-35 минути.

Јулија Мулино
Јулија Мулино

11. Премачкајте го стопен путер додека кокурките се сé уште врели.

Јулија Мулино
Јулија Мулино

Сервирајте ги топли или ладни со супа или чорба, или, пак, со павлака и ситно сечкани зачински билки.  

<