Огромни „равиоли“ со компири и сирење од руската Република Мариј Ел (РЕЦЕПТ)

Јулија Мулино
Јулија Мулино
Според легендата, благодарение на тоа што една божица уживала во овие крупни „поткоголи“, настанал цел наро. Станува збор за Маријците кои денес живеат во Република Мариј Ел на реката Волга во Русија.

Поткогол е народ

Ова е национално јадење на угрофинскиот народ од Република Мариј Ел. На древен угрофински јазик, „pod“ значи „бакрач“, а „kagyl“ е „пита“. Затоа „поткоголите“ понекогаш се опишуваат како „варени пирошки“.

„Поткоголите“ се вид полнети варено тесто слично на италијанските равиоли, турските манти, руските пељмени. Можат да бидат големи и до 4,5 сантиметри до големина на дланка.

Понекогаш во тестото се додава ‘ржано брашно заедно со пченично. Се смета дека поткоголите треба да се јадат веднаш по варењето. Односно, да не се чуваат во замрзнувач и да се приготвуваат во количина која е потребна веднаш да се изедат. Меѓутоа, денес во продавниците во Русија можете да најдете и замрзнати поткоголи.

Легендата за потеклото на Маријците е поврзана токму со ова јадење. Според митот, ќерката на богот Јул ги пробала поткоголите на земјата и не сакала да се врати на небото, туку останала со својот љубовник Мариј. Од нивниот брак настанал народот.

Така што можеме да претпоставиме дека се работи за јадење старо повеќе векови. Порано филот се правел од месо од дивеч како зајак или јазовец со додавање кромид или житарки.

Постојат неколку видови на полнење, секое со свое име. Ние заедно ќе подготвиме поткоголи со компири и сирење, кои се нарекуваат „тувиртиш подкогило“.

За најдобар вкус, користете ситно домашно сирење (во Македонија познато како швапско сирење). Ако имате помалку масно сирење, во филот можете да додадете малку путер. Во секој случај, препорачувам да додадете путер. Исто така, подобро е да додадете повеќе компири во филот.

Овој фил не бара долго варење, па начинот на полнење и спојување на тестото е специфичен. Инаку, вообичаено е кај поткоголите спојот да се прави во вид на плетенка, така што филот безбедно е сместен внатре и не се излева при варењето. Но, така настанува дебел раб кој бара подолго варење, што е посоодветно за фил од месо. Затоа во случај на фил од компири и сирење се користи едноставно рамно спојување на рабовите на тестото.

За поткоголите се користи бесквасно тесто. Се расукува и се дели на парчиња од по 20 грама. Потоа секое парче се прави потенко.

Поткоголите се печат во рерна, се варат во солена вода или на пареа. Јадењето обично се служи со павлака, путер и млад кромид.

Состојки за 2 порции (12 парчиња):

Јулија Мулино
Јулија Мулино

Тесто:

Пченично брашно - 145 g

Јајце – 1 пар.

Вода – 5 лажици

Сол – 1/2 лажичка

Фил:

Компир  - 2 големи (за 170 g пире од компири)

Швапско сирење (домашно ситно сирење) - 100 g

Путер - 30 g

Сол и бибер по вкус

За сервирање:

Павлака - 50 g

Путер - 10 g

Млад кромид - 10 g

Начин на подготовка:

Измешајте ги состојките за тестото во повеќенаменски миксер или рачно.

Јулија Мулино
Јулија Мулино

Замесете тврдо тесто. Тестото замотајте го во проѕирна фолија и оставете го да отстои половина час.

Јулија Мулино
Јулија Мулино

Излупете го компирот, исечете го на четвртинки и сварете го во солена вода.

Јулија Мулино
Јулија Мулино

Подгответе го сирењето. Користете тнр. швапско или ситно домашно сирење. Јас го протерувам низ сито за да добијам хомогена маса.

Јулија Мулино
Јулија Мулино

Варениот компир процедете го, додајте му путер и изгмечете го. Додајте го сирењето на компирот и измешајте. Додајте сол и бибер и мешајте додека не стане мазно.  

Јулија Мулино
Јулија Мулино

Тестото смотајте го во ролна и сечете го на парчиња од околу 20 грама.  

Јулија Мулино
Јулија Мулино

Истенчете ги едно по едно. Додека работите со едно парче тесто, останатите покријте ги со фолија да не се сушат.

Јулија Мулино
Јулија Мулино

На половина од расуканото тесто ставете фил.

Јулија Мулино
Јулија Мулино

Преклопете и спојте ги рабовите. Ќе добиете 12 големи парчиња.

Јулија Мулино
Јулија Мулино

Варете во солена вода. Извадете ги по две минути откако ќе испливаат на површина.

Јулија Мулино
Јулија Мулино

Сервирајте ги топли веднаш по варењето со путер, павлака и млад кромид.

Јулија Мулино
Јулија Мулино
<