Бешбармак од Башкирија: Вкусно јадење од домашната кујна направено од јагнешко и тестенини

Legion Media
Legion Media
Бешбармак, јадење во кое варени парчиња јагнешко месо се мешаат со тестенини и кромид, е популарен специјалитет во кујната на туркиските народи. Во Русија, овој вкусен оброк често се подготвува во Република Башкирија.

Гостопримството е национална особина на башкирскиот народ. Според локалните обичаи, секој гостин, дури и странец, треба да се нагости со обилен оброк. Домаќинките често подготвуваат бешбармак токму за гостите.

Бешбармак во превод значи „пет прсти“, што веројатно е поврзано со тоа што номадите не користеле прибор кога јаделе бешбармак. Рускиот авантурист Иван Лепјохин во 1770 година запишал дека башкирскиот бешбармак се состои од ситно сечкани парчиња говедско, јагнешко или коњско месо и „салма“ (тестенини), и заклучил дека „бешбармак е најдобрата башкирска храна“.

Башкирите и денес почитуваат некои правила при подготовката и сервирањето на ова празнично јадење. Земаат добро парче масно месо - јагнешко или коњско, заедно со коските, па го варат на тивок оган 2-2,5 часа. Кога ќе се свари, месото се лади и се сече на ситни парчиња.

Тестенините за бешбармак се прават од тврдо замесено тесто од јајца кое се сече на мали правоаголници или квадрати. Потоа тестото се вари во водата во која се варело местото и се зачинува со путер или со маснотијата од варењето. Бешбармак се јаде со раце, додека од чинија се пие „шурпа“ - богата месна супа. За време на оброкот вообичаено е најдобрите парчиња месо да им се дадат на соседите на масата или на најценетиот гостин. Најдоброто нешто кај бешбармак е вкусот на домашната кујна и неговата хранлива вредност.

Башкирскиот бешбармак е едноставно јадење за подготовка дома, но ќе треба да издвоите околу 3 часа.

Состојки за 4 порции:

Олга Бровкина
Олга Бровкина

Јагнешко - 800 g

Кромид - 3 главици (400 g)

Морков – 1 пар. (100 g)

Сол – 1 лажица

Вода за супа - 2 литри

Мелен бибер по вкус

Ловор - 3 листа

Тесто:

Јајце – 1 пар.

Брашно - 400 g

Сол – 1 лажичка

Вода - 200 ml

Начин на подготовка:

1. Најпрво подгответе го месото. Исечете го на ситни парчиња, оставајќи ги и коските со малку месо за побогат вкус на супата.

Олга Бровкина
Олга Бровкина

2. Во тенџере се ставаат месото, еден кромид и морковот. Сипете 2 литри вода, додајте сол, ловоров лисје и бибер по вкус и загрејте додека не зоврие. Отстранете ја пената и варете 2-3 часа на тивок оган додека месото не биде готово.

Олга Бровкина
Олга Бровкина
Олга Бровкина
Олга Бровкина

3. Сега направете го тестото. Во просеаното брашно додадете ги јајцето, солта и водата и убаво измешајте. Месете го тестото најмалку 10 минути. Не смее да се лепи за рацете. Покријте го и оставете го да отстои во фрижидер 30 минути.

Олга Бровкина
Олга Бровкина

4. Расукајте го тестото во тенок слој со дебелина околу 1-1,5 mm.

Олга Бровкина
Олга Бровкина

5. Тестото се сече на правоаголници долги 5-7 сантиметри и се оставаат да се сушат 20 минути.

Олга Бровкина
Олга Бровкина

6. Извадете ги кромидот, морковот и месото од супата. Не го фрлајте морковот, ќе ви треба подоцна, а кромидот можете да го фрлите. Извадете го месото од коските и иситнете го.

Олга Бровкина
Олга Бровкина

7. Преостанатиот кромид се сече на ребра, се става во тавче и се додава малку супа така што кромидот да биде целосно покриен. Зовријте го, додајте сол и бибер по вкус; варете 5 минути на тивок оган и тргнете го од рингла. Варениот морков можете да го исечете на стапчиња; така обично се подготвува за празници и специјални пригоди.

Олга Бровкина
Олга Бровкина

8. Преостанатата супа се разредува со вода откако ќе се свари месото и се загрева додека не зоврие. Во оваа супа ќе го зготвите тестото. Додајте сол и бибер по вкус. Гответе ги тестенините во зовриена супа во 2-3 тури околу 2 минути.

Олга Бровкина
Олга Бровкина

9. Извадете ги тестенините од супата со лажица со дупчиња и ставете ги во голема тацна.

Олга Бровкина
Олга Бровкина

10. Врз тестенините се ставаат парчињата месо, а врз месото подготвениот кромид. Посипете ги со зачински билки, и одделно сервирајте ги преостанатата супа и кромидот. Пријатен апетит!

Олга Бровкина
Олга Бровкина

Олга Бровкина

<