Пробајте татарски „кистибиј“ со пире од компири (РЕЦЕПТ)

Legion Media
Legion Media
Без разлика дали уживате во „кистибиј“ како топло и пријатно главно јадење или брза закуска, во татарската кујна тој е нешто што задолжително треба да се проба.

Кистибиите се всушност посни сомуни, или тортиљи, обилно полнети или со каша од млеко од просо (најтрадиционално полнење) или кремасто пире од компири, и изобилно натопени во сладок слој путер.

Одамна жените во Татарстан со љубов и грижа приготвувале кистибиј за посебни прилики, служејќи го на гостите за време на свечени настани и празници. Меѓутоа, го подготвувале и како секојдневен, хранлив ручек за сопрузите кои напорно работеле во нивите.

Денес, во нашиот брз модерен свет, подготовката на кистибиј донекаде еволуираше. Традиционалните методи сè уште се негуваат, но практичноста доведе до нови пристапи. Домаќинките сега имаат можност да користат купен, готов лаваш (кавкаска лепиња тенка како лист) или тортиљи за да го забрзаат процесот на подготовка. Меѓутоа, домашниот кистибиј е секако попосакуван.

Еден од најфасцинантните аспекти на кистибијот е неговата сестраност и разноврсност. Ова јадење не е ограничено на тоа да биде само еден вид оброк. Можете да го послужите како обилен ручек или вечера, или за појадок, со топол сладок чај.

Исто така, можете да ги менувате филовите или да користите остатоци од вечерата, како што се кашата или пирето од компири. Денеска предлагам да подготвиме кистибиј со пире од компири и кромид. Има нежен вкус со примеси на карамелизиран кромид.

Состојки за 10-12 сомуни: 

Олга Бровкина
Олга Бровкина

За тестото:

  • Брашно - 280 г
  • Топло млеко - 100 мл
  • Јајце - 1 парче
  • Путер (стопен) - 50 г
  • Шеќер - 1 лажица
  • Прстофат соли

За полнењето:

  • Компир - 500 г
  • Кромид - 1 главица
  • Млеко - 100 мл
  • Путер - 1,5 лажица
  • Сол по вкус

Подготовка:

1. Да почнеме со подготовка на тестото. Во подлабока чинија измешајте ги топлото млеко, шеќерот, солта, јајцето и стопениот путер.

Олга Бровкина
Олга Бровкина

2. Во посебен сад просејте го брашното. Во смесата со јајцата и млекото постепено додавајте го просеаното брашно, месејќи го тестото додека не престане да се лепи за рацете. За овој чекор можеби ќе ви требаат околу 250 гр брашно.

Олга Бровкина
Олга Бровкина

3. Покријте го тестото со крпа и оставете го да отстои 30 минути за да се опушти и стане полесно за ракување.

Олга Бровкина
Олга Бровкина

4. Додека тестото мирува, измијте ги компирите, излупете ги и исечете ги на поголеми парчиња. Сварете ги парчињата компир во солена вода додека не омекнат. Исцедете ја водата и испасирајте ги компирите за да добиете пире. Во пире од компири додадете врело млеко и 1 лажица путер. Добро измешајте за да добиете кремаста смеса од компири. Зачинете со сол по вкус.

5. Кромидот измијте го, излупете и ситно исечкајте го. 

Олга Бровкина
Олга Бровкина

6. Загрејте половина лажица путер во тава на тивок оган. Пропржете го кромидот исечкан на коцки додека не стане проѕирен и малку карамелизиран.

Олга Бровкина
Олга Бровкина

7. Додајте го кромидот во пирето и измешајте. Вака подготвениот кромид му дава прекрасен вкус на филот.

Олга Бровкина
Олга Бровкина

8. Ставете го тестото на малку набрашнета површина. Развлечете го во дебел колбас, а потоа исечете го на 10-12 парчиња со еднаква големина. Секое парче тесто расукајте го во тенок, тркалезен сомун со пречник од околу 15 цм.

Олга Бровкина
Олга Бровкина

9. Во сува, загреана тава печете го секој сомун по 1-2 минути од секоја страна додека не стане малку златен и малку подуен.

Олга Бровкина
Олга Бровкина

10. Додека сомуните се уште врели, на половина од секој сомун ставете обилен дел од подготвениот фил од компири и кромид. Преклопете ја другата половина од кистибијот преку филот за да добиете форма на полумесечина.

Олга Бровкина
Олга Бровкина

11. Непосредно пред сервирањето обилно премачкајте го врвот на секој кистибиј со стопен путер. Овој чекор му дава на јадењето нота на луксуз. Пријатен апетит!

Legion Media
Legion Media
<