Зимницата на советските бабички со тиквички и пиперка (РЕЦЕПТ)

Јулија Мулино
Јулија Мулино
Специјално подготвена за зимата, оваа салата во тегли беше меѓу најпопуларните во Советскиот Сојуз. Но, можете да ја сервирате и топла веднаш по готвењето!

„Лете подготвувајте ги санките, а зиме запрегата“ – вака гласи познатата руска поговорка, која значи дека треба навреме да подготвите залихи за зимата. Совршен пример за тоа е салатата од тиквички, морков и пиперка која ви ја претставуваме денес. А во исто време е и пикантна закуска која можете да ја јадете веднаш по готвењето.

Се сеќавам дека кога бев дете тиквичките раѓаа толку обилно што беше невозможно да се потрошат сите одеднаш. Затоа баба ми и мајка ми правеа салата од тиквички од градината.

Овој зеленчук нема силен вкус или мирис, но му го додаваат други зеленчуци. Морковите се додаваат за сладост, доматите за боја, а пиперките за побогат вкус.

Сè уште се сеќавам на мирисот што се ширеше од кујната кога ќе почнеше сезоната на подготвување зимница. Секогаш со вечерата имавме чинија со остатоци што немаше да ги соберат теглите. Ја сакав оваа свежа и топла салата исто како и онаа од тегла.

Затоа сега ја подготвувам за вечера. Најдобро е да се служи со компири, било како пире или варени. Или едноставно можете да ја зачувате за зимата.

Состојки за 10 порции или тегла од 0,8 литри:

Јулија Мулино
Јулија Мулино

Средни тиквички - 2 пар.

Пиперки – 2 пар.

Морков – 1 пар.

Кромид – 1 гла.

Домат пелат - 500 ml

Лук – 4 чешниња

Магдонос – врзоп

Сол (нејодирана) – 2 лажички / по вкус

Шеќер – 1 лажица

Црн бибер по вкус

Оцет 9% - 2 лажици

Сончогледово масло за готвење

Начин на подготовка:

1. Излупете ги и исечкајте ги морковот и кромидот; пропржете ги во масло.

Јулија Мулино
Јулија Мулино

2. Пиперката исечете ја на тенки ленти и додајте ја.

Јулија Мулино
Јулија Мулино

3. Оставете сé да се крчка 15-20 минути.

Јулија Мулино
Јулија Мулино

4. Исечете го доматот и прелијте го сокот од доматот врз зеленчукот. Динстајте 20 минути. 

Јулија Мулино
Јулија Мулино

5. Исечкајте ги тиквичките и додајте ги на зеленчукот.

Јулија Мулино
Јулија Мулино

6. По 15 минути додајте сол, шеќер и бибер.

Јулија Мулино
Јулија Мулино

7. Потоа додајте го иситнетиот лук.

Јулија Мулино
Јулија Мулино

8. Додајте ги магдоносот и оцетот. Динстајте уште 5 минути.

Јулија Мулино
Јулија Мулино

9. Наполнете ги стерилизираните тегли или употребете го како прилог на главно јадење или како закуска.

Јулија Мулино
Јулија Мулино

10. Сервирајте топло или оладено со компир или лебни коцки како салата.

Јулија Мулино
Јулија Мулино
<