
Дали е точно дека Советите јадеа црн кавијар со лажица?

- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Денес црниот кавијар се смета за скап деликатес кој ретко кој може да си го дозволи. Во познатиот советски филм „Белото сонце на пустината“ (1969) на Владимир Мотил, главниот лик се тера себеси да јаде црн кавијар со лажица од голема чинија. Дури се жали дека не може да го јаде тој „проклет“ кавијар секој ден; до толку што му било смачено од него. Дејството на филмот се одвива на брегот на Каспиското море, каде што е собрано 90% од вкупната количина на црн кавијар во СССР.

Главната работа не е близината на местото каде што се бере кавијарот, туку фактот дека од средината на 1920-тите до почетокот на 1980-тите, црниот кавијар го имаше во изобилство во СССР, бидејќи популацијата на есетрата се зголемуваше. Кон крајот на 1929 година СССР извезе околу 800 тони црн кавијар, заработувајќи милијарда долари во цврста валута според денешните услови. Црниот кавијар беше наведен како еден од десетте клучни советски извозни производи.

Просечниот Совет можеше да купи тегла црн кавијар без тоа воопшто да се одрази врз неговиот семеен буџет; и тоа не беше мала тегла. Кавијарот во продавниците се продаваше на големо, а многу граѓани на поранешниот Советски Сојуз се сеќаваат на трилитарските тегли со црн кавијар што нивните родители ги носеа дома.
Советските педијатри препорачуваа малите деца да јадат кавијар за да спречат анемија, бидејќи тој беше вреден извор на железо и други важни минерали потребни за добро здравје. За време на Втората светска војна и по војната, црниот кавијар беше вклучен во оброците на екипажите на подморниците, пилотите и поларните истражувачи.

Цената на црниот кавијар во советско време беше мошне прифатлива. Во 1950-тите чинеше само двојно повеќе од црвениот кавијар. Во доцните 1970-ти, мала тегла црн кавијар чинеше 4,5 рубли - приближно колку и шише вотка.
Меѓутоа, периодот на изобилство на кавијар заврши во 1980-тите, поради голем број фактори: ловокрадство; намалување на бројот на есетрата; и подоцнежната владина забрана за риболов го направи практично недостапен за повеќето Руси.