Како да направите руски котлет „мечкина шепа“ (РЕЦЕПТ)

Јулија Мулино
Јулија Мулино
Јадењето има по малку страшно име, што е разбирливо, бидејќи кој во денешно време јаде месо од мечка?! Но, не грижете се - јадењето само го носи името на овој џиновски жител на шумата и неговото месо воопшто не се користи во процесот на правење на овој специјалитет.

Котлетот „мечкина шепа“ има многу чудна приказна за своето потекло. Постои легенда дека на младите мажи во Мордовија (450 километри југоисточно од Москва) не им било дозволено да се оженат додека не убијат мечка. Во минатото, тоа било начин да се покаже дека станале вистински мажи. За да докаже дека неговата ловечка мисија била успешна, младоженецот морал да ѝ испрати на невестата печена мечкина шепа. Но, не грижете се. Во денешно време мечките во Мордовија се вклучени во таканаречената Црвена книга, што значи дека се загрозен вид. „Мечкината шепа“ за која ќе зборуваме не се прави од мечкино месо, туку од некои други состојки.

Денес ова јадење стана едно од кулинарските заштитни знаци на Мордовија, а иако сè уште неизбежно се служи на свадби, можете да го најдете на менијата на рестораните и да го подготвите дома.

„Мечкина шепа“ е голем рамен котлет попрскан со коцки презла. Основата е свинско или мешано мелено месо. Меленото месо мора да содржи џигер, најчесто говедски, но понекогаш и пилешки. Количината на џигерот. Иако специјалитетот на ова јадење е џигерот, не би требало да го има премногу бидејќи дава одреден чуден вкус. Не само поради вкусот, туку и поради процесот на варење.

Џигерот го прави меленото месо потечно. Ако го има премногу, ќе ви биде тешко да оформите котлет. Во принцип, подобро е да направите котлети не поголеми од големината на вашата дланка – побрзо се печат и полесно е да ракувате со нив во тавата.

Од една страна, рецептот е едноставен, а состојките основни. Конечниот изглед на јадењето е прилично изненадувачки. За да се постигне сличност со мечкина шепа, котлетот мора да се попрска со презла. Но, не со било која обична презла; ќе мора да ги исечете на коцки од 5 мм. Во некои случаи готвачите подготвуваат специјални долги презли кои ги претставуваат канџите на мечка. За помек вкус се користат пченични трошки, но за погруб ефект се користат ‘ржани трошки. Овие вториве по бојата повеќе одговараат на шепата на бушава мечка.

Вашата сопствена „мечкина шепа“ би требало да биде многу вкусна, сочна одвнатре со крцкава кора однадвор. Јадењето е исто така доста богато и подобро е да го послужите со нешто лесно, како зеленчук или салата.

Состојки за 5-6 котлети:

Јулија Мулино
Јулија Мулино
  • Свинско - 400 г
  • Пилешки џигер - 100 г
  • Јајце - 1 пар.
  • Кромид - 1 главица
  • Лебни трошки - 250 г
  • Сол, бибер по вкус
  • Зејтин за пржење

Подготовка:

1. Свинското месо смелете го во машина за мелење месо. 

Јулија Мулино
Јулија Мулино

2. Додајте му го џигерот.

Јулија Мулино
Јулија Мулино

3. Потоа исечете го кромидот. Можете претходно да испржите дел од кромидот во зејтин, а потоа да го исечкате заедно со сировиот дел. Ова го прави месото уште помеко и посочно.

Јулија Мулино
Јулија Мулино

4. Додајте го јајцето во смесата од месо.

Јулија Мулино
Јулија Мулино

5. Зачинете со сол и бибер по вкус.

Јулија Мулино
Јулија Мулино

6. Месете го меленото месо со раце 5 минути. На почетокот ќе биде малку течно, но потоа ќе стане погусто, бидејќи месото ја впива течноста. Меленото месо можете да го оставите 30 минути во фрижидер за да се стабилизира.

Јулија Мулино
Јулија Мулино

7. Обликувајте котлет помал од дланката за полесно да го подготвите.

Јулија Мулино
Јулија Мулино

8. Сипете ги презлите преку котлетот и втиснете ги во меленото месо.

Јулија Мулино
Јулија Мулино

9. Во тавата сипете зејтин така што ќе го покрие целото дно. Пржете го котлетот 4 минути од секоја страна на среден оган.

Јулија Мулино
Јулија Мулино

10. Котлетите ставете ги во сад врз хартија за печење и печете на 180℃ 20 минути.

Јулија Мулино
Јулија Мулино

11. Сервирајте со зеленчук или зачински билки. Пријатен апетит!

Јулија Мулино
Јулија Мулино
<