Зошто оваа мачка го добила името по реката Нева?

jkitan / Getty Images
jkitan / Getty Images
Невската маскарадна мачка е подвид на сибирската мачка, која е автохтона руска раса. Позната е во светот поради своето бушаво меко крзно, интелигенцијата и дружељубивоста.
Nils Jacobi / Getty Images
Nils Jacobi / Getty Images

Сибирската мачка има подвид со color-point боја наречена по Нева, големата река во Санкт Петербург. Невската маскарадна мачка е исто така автохтона руска раса. Се карактеризира со потемна боја на муцката која наликува на маска. На овие простори се појавила пред неколку векови, веројатно со трговските каравани, кога во Русија пристигнале и тајландските краткопашести мачки.

Legion Media
Legion Media

На крајот на XVIII век зоологот Петар Палас (кој го открил манулот, т.е. Паласовата мачка) додека патувал по Пензенската губернија, видел и опишал локални мачки со „црна маска“ на муцката. Постепено, во селата почнале да се појавуваат други раси со колор-поинт боја, кои се мешале со сибирските мачки. Тоа биле обични домашни миленичиња без никакви стандарди за одредена раса.

Legion Media
Legion Media

Во доцните 1980-ти невските маскарадни мачки беа првпат прикажани на изложба во Санкт Петербург. Тогаш локалните фелинолози ѝ го дадоа на расата името сибирски колор-поинт, и тоа е нејзиното официјално име. Во 1990-тите таа беше признаена како посебна раса.

Anna Chara/500px / Getty Images
Anna Chara/500px / Getty Images

Невската маскарадна мачка има светлосини очи и светла боја, но по карактер е слична на сибирската мачка.

Legion Media
Legion Media
<