Каде сообраќа најсеверниот тролејбус на светот?
Мурманск е најголемиот град на светот зад поларникот. Во него живеат речиси 270 илјади луѓе! И најсеверниот тролејбус на светот можете да го сретнете токму тука.
- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Во градот има четири тролејбуски линии и овој вид на сообраќај е многу популарен меѓу жителите на градот.
Тролејбускиот систем во Мурманск заживеа во 1962 година, кога градот се развиваше и растеше. Денес тролејбусите поврзуваат различни делови на Мурманск: вкупната должина на нивните траси е 75 километри.
Во Мурманск сообраќаат повеќе од 100 тролејбуси. Новите возила се обоени во боите на поларната светлина, имаат приклучници за полнење мобилни телефони и рампа за влез на лица во инвалидска количка.
Дали би сакале да се повозите во ваков тролејбус?