
Прв лет на новиот руски авион (ВИДЕО)

- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Новиот авион ќе обезбеди сигурни и ефикасни летови. Информациите за него се појавија на официјалниот сајт на Министерството за индустрија и трговија на Руската Федерација.
„Првиот и истовремено успешен лет на модернизираниот Ил-96-400М е демонстрација на највисокото ниво на компетентност на домашните конструкторски бироа и фабриките за авиони“, изјави Денис Мантуров, потпретседател на владата и министер за индустрија и трговија на Руската Федерација. Според него, новата опрема од домашно производство ќе ја зголеми безбедноста и ефикасноста на летовите на новиот патнички авион. „Новиот авион ќе ни овозможи во иднина да ги развиеме и унапредиме нашите компетенции во создавањето на авиони со широк труп за летови на долги релации“, додаде Мантуров.