GW2RU
GW2RU

Како изгледаат цевчињата за пиво од Адигеја стари 5000 години?

Russia Beyond (Photo% Freepik; V. Trifonov)
Дури денес научниците сфатија за што служеле некои од работите пронајдени во мистериозниот Мајкопски курган. Истражувањата за овие предмети сè уште се во тек, иако курганот бил откриен уште кон крајот на XIX век.

Во Ермитаж се чуваат древни артефакти од Мајкопскиот курган во Адигеја. Гробниците од 35 век п.н.е биле откриени од археолозите уште во 1897 година, со стотици скапоцени предмети во нив. Вистина, во тоа време не се знаело за што се користеле некои од тие работи.

V. Trifonov

Најмногу недоумици предизвикуваа осум цевчиња од злато и сребро. Секое од нив е долго речиси еден метар (се состои од сегменти кои се вметати еден во друг) со пречник од околу еден сантиметар.

На четири цевчиња има фигури на бикови. Научниците претпоставуваа дека тие биле држачи на погребен балдахин.

Осумте цевчиња од злато и сребро
V. Trifonov

Меѓутоа, новите истражувања, објавени во 2022 година, овозможуваат да се дојде до сосем извесен заклучок: овие цевчиња се користеле за групно пиење пиво. Имено, во цевчињата се пронајдени траги од јачменов скроб.

Како можело да изгледа групно пиење пиво
V. Trifonov

На краевите на цевчињата има дупчиња, што ги наведе научниците да заклучат дека тие се користеле како филтер за пијалаци со талог. Вакви цевчиња биле масовно користени меѓу старите Сумери и Египќани.

Начинот на спојување на цевчињата
V. Trifonov