GW2RU
GW2RU

Во Санкт Петербург првпат преместен еден историски објект (ВИДЕО)

City Solutions
Зградата од 1913 година на насипот Чорнаја речка е поместена за 52 метри. На нејзино место ќе се гради нов објект.

На насипот на Чорнаја речка е преместена зградата на Императорското сиропиталиште. Овој објект од историско значење беше преместен од своето место за да се направи простор за нова градба.

City Solutions

Трикатната зграда тешка 3200 тони прво беше преместена 7 метри на запад, а потоа 45 метри на југ. Зградата од 1913 година се наоѓаше во центарот на парцела предвидена за градба. Во последните години објектот служеше како деловен простор, но бидејќи се работи за објект од историско значење, беше одлучено да не се урива.

City Solutions

Во Москва уште во 30-тите години на минатиот век беа преместени неколку згради, така што потребната технологија е позната одамна, но во Санкт Петербург беше применета за прв пат.

Фасадата на објектот беше зајакната со метална арматура, а под зградата беа излиени две плочи од армиран бетон. На горната беа прицврстени дигалки, а долната се користеше како „отскочна даска“. Конструкцијата се движеше по специјално поставени шини. Просечната брзина на движење беше 4 сантиметри во минута.

Кон крајот на 2025 година на ова место би требало да никне нов станбен комплекс.