Руски научници одгледaа лубеници на најстуденото место на нашата планета

Лубеници на Антарктикот? Не, тоа не е илузија. Руски научници одгледаа вистински лубеници на најстуденото место на нашата планета, на антарктичката станица „Восток“. По 103 дена садењето добија род од осум лубеници.
Алексей Екайкин/Арктический и антарктический научно-исследовательский институ
Алексей Екайкин/Арктический и антарктический научно-исследовательский институ

Лубениците се одгледуваа во специјално изграден фитокомплекс развиен во Агрофизичкиот институт. Садењето беше извршено во април, рачното опрашување во мај, а во јули веќе ги пробаа првите лубеници.

Алексей Екайкин/Арктический и антарктический научно-исследовательский институ
Алексей Екайкин/Арктический и антарктический научно-исследовательский институ

„Резултатите од експериментот се импресивни. Успеавме да одгледаме ни повеќе ни помалку туку лубеници во климатските услови на Антарктикот. По вкус и мирис не заостануваат ни малку зад домашните. Во пречник достигнуваат 13 сантиметри и тежат до еден килограм. Се разбира, сите поларни истражувачи со задоволство се потсетија на вкусот на летото. Дури и самото набљудување на никнувањето на ластарите и подоцнежните плодови, како и нивниот раст, предизвикуваше позитивни емоции“, изјави раковидтелот на Арктичкиот и антарктичкиот научно-истражувачки институт, геофизичарот Андреј Тепљаков.

Алексей Екайкин/Арктический и антарктический научно-исследовательский институ
Алексей Екайкин/Арктический и антарктический научно-исследовательский институ

Во најскоро време поларните истражувачи очекуваат ништо помалку импресивен род на краставици.

Експериментот се изведува како дел од 68 руска антарктичка експедиција во соработка со научници од Агрофизичкиот научно-истражувачки институт и Институтот за медицинско-биолошки истражувања на Руската академија на науките.

Алексей Екайкин/Арктический и антарктический научно-исследовательский институ
Алексей Екайкин/Арктический и антарктический научно-исследовательский институ

„Восток“ е руска станица на Антарктикот која работи преку целата година, основана во 1957 година. Се наоѓа речиси во центарот на копното, на место кое важи за „најстудената точка на планетата“. Во 1983 година таму беа измерени 89,2 степени Целзиусови под нулата. Дури и во лето тука ретко е потопло од минус триесет степени Целзиусови.

Алексей Екайкин/Арктический и антарктический научно-исследовательский институ
Алексей Екайкин/Арктический и антарктический научно-исследовательский институ
<