GW2RU
GW2RU

Како леташе прототипот на јуришниот авион „Томашевич Пегас“ (ВИДЕО)

„Томашевич Пегас“ (или „Пегас“) беше прототип на советски јуришен авион во за време на Втората светска војна кој никогаш не беше пуштен во сериско производство.

Направен е пред Курската битка (1943) специјално за уништување тенкови и друга непријателска техника. Меѓутоа, авионот никому не остави силен впечаток иако имаше убав профил, па заврши како старо железо.

Во расчекор со светлата иднина

Дмитриј Лудвигович Томашевич беше главниот конструктор на ловецот „Поликарпов“ И-180.

Дмитриј Лудвигович Томашевич
Public domain

За жал, прототипот на перспективниот ловец се урна и тогаш во него загина миленикот на Сталин, тест-пилотот Валериј Чкалов.

„Поликарпов“ И-180-3, третиот прототип, лето 1940.
Архива на Кабинет „Поликарпов“

По трагедијата, Томашевич беше уапсен 1939 година и сместен во специјален затвор под надзор на Народниот комесаријат за внатрешни работи (НКВД), каде му помагаше на Андреј Туполев во проектирањето на авионот Ту-2.

Склопување на прототипот 103 (идниот Ту-2) во халата на Централното конструкторско биро 29, 1940.
Public domain

За исти пари, но поедноставно и подобро

Во август 1941 година Томашевич беше евакуиран во Сибир, во градот Омск, каде што раководеше со сопствено конструкторско биро. Инспириран од успехот на двокрилниот авион „Поликарпов“ По-2 како ноќен јуришен авион, Томашевич доби дозвола да проектира и направи едноставен авион за ист тип мисии и по иста цена, но да биде значително појак од „Поликарпов“ По-2.

Екипа пилоти покрај По-2, 1935.
Franco Folini (CC BY-SA 2.0)

Новиот авион беше нискокрилен со фиксно задно тркало за слетување, направено од дрво, со рамка од борово дрво опшиена со шперплоча од бреза.

Детаљ од носниот дел на трупот на „Пегас“.
Public domain

Пилотот седеше во отворена кабина со оклоп од мек челик отпорен на куршуми калибар 12,7 мм.

Скриншот
https://www.youtube.com/watch?v=57hq4YEvjOA

Имаше два мотора М-11Ф, „А. Д. Швецов“ (ист мотор користеше и По-2), а од оружје два топа со калибар 23 мм и тежок митралез во носот на трупот, со можност наместо топ да носи бомби од 500 килограми. На прототипот „Пегас 01“ беше тестирано еднократно горно крило.

Скриншот
https://www.youtube.com/watch?v=57hq4YEvjOA

Првиот прототип „Пегас 01“ полета за прв пат на крајот на 1942 година. Испадна дека е премногу тежок и нема доволно сила, иако управувањето со авионот беше прифатливо.

Беше планирано да се тестира еден прототип на Курскиот фронт, но се покажа дека тоа не е практично решение поради големата оддалеченост на Омск од линијата на фронтот, па по четвртиот прототип, понатамошниот развој на овој модел беше напуштен.