Дали е ова НАЈГРДИОТ советски автомобил некогаш произведен?

 Државен научен центар РФ ФГУП „НАМИ)
Државен научен центар РФ ФГУП „НАМИ)
На почетокот изгледаше дека ќе биде значајно достигнување, но подоцна мноштвото проблеми го уништија иновативниот концепт.

Овој автомобил, наречен НАМИ-013, е произведен во 1950 година. На почетокот овој концепт автомобил беше топло примен од советските автомобилски експерти и пошироката јавност, најмногу поради неговиот необичен дизајн.

Државен научен центар РФ ФГУП „НАМИ“
Државен научен центар РФ ФГУП „НАМИ“

НАМИ-013 делумно потсетуваше на прототипот на модерен минивен и имаше интересна форма на „капка“. Пред сé, тоа беше оригинален советски дизајн. Неговите креатори не копираа ниту еден автомобил од странско производство, туку самите го дизајнираа „од нула“.

Државен научен центар РФ ФГУП „НАМИ“
Државен научен центар РФ ФГУП „НАМИ“

Меѓутоа, се покажа дека иновативниот дизајн сепак не беше толку добар. Конструкцијата на каросеријата во вид на „капка“ беше комплициран процес во тоа време. Моторот страдаше поради истекување на маслото, недоволната моќност и прегревањето. Подоцна проблемот беше решен со вградување на радијатор од друго возило, но тоа дополнително ја наруши естетиката. Покрај тоа, автомобилот имаше проблеми со менувачот, системот за суспензија и сопирачките.

Државен научен центар РФ ФГУП „НАМИ“
Државен научен центар РФ ФГУП „НАМИ“

Сите овие проблеми го попречуваа понатамошниот развој на автомобилот. По низа неуспешни обиди да се подобри автомобилот, на крајот тој беше размонтиран и отпишан.

Државен научен центар РФ ФГУП „НАМИ“
Државен научен центар РФ ФГУП „НАМИ“

Овде дознајте повеќе за 10 советски автомобили дизајнирани според западни модели

<