Зошто на северот на Русија од автомобилите стрчат приклучници?

Павел Кузмичев Во градот Лабитнанги, Јамал
Павел Кузмичев
Ако мислите дека ова се електрични автомобили, се лажете! Тоа се обични автомобили на бензин, само прилагодени на екстремно ладните зими кои траат повеќе од шест месеци.

Во Јакутск, Норилск, Салехард и многу други градови во Русија, температурата се спушта на -40, -50 степени Целзиусови, па дури и пониско. Немаат сите сопственици топли подземни гаражи, а на таков студ треба да го запалите автомобилот и нормално да го загреете, што е многу тешко веќе на температури под -20 степени.

Павел Кузмичев
Павел Кузмичев

Затоа жителите на северните региони го загреваат моторот пред да го запалат. Во системот за ладење на автомобилот се вградува грејач, а потоа од него се извлекува кабел со приклучница, кој се вклучува и се напојува со струја од обична мрежа од 220 вати.

Павел Кузмичев
Павел Кузмичев

Најчесто приклучницата се спушта директно од прозорецот на станот (да, да, дури и од високите катови) и се остава така преку ноќ. Ако, на пример, треба да излезете од дома во 9 часот наутро, вие во 8:30 ќе го вклучите овој грејач во струја без да излегувате од топлиот стан (има опции и со тајмер), и моторот во автомобилот се загрева, па кога ќе излезете од домот тој е загреан и можете да го стартувате.

Павел Кузмичев
Павел Кузмичев

Во некои станбени населби има дури и специјални паркинг-места со приклучници.

Павел Кузмичев
Павел Кузмичев

Дали некогаш сте виделе нешто слично?

<