СИТЕ победнички на „Мис Русија“ за 25 години (ФОТО)

Russia Beyond (Виталиј Арутјунов/Sputnik; Дмитриј Коробејников/Sputnik; Григориј Сисоев/TASS; Вјачеслав Прокофјев/TASS)
Russia Beyond (Виталиј Арутјунов/Sputnik; Дмитриј Коробејников/Sputnik; Григориј Сисоев/TASS; Вјачеслав Прокофјев/TASS)
Првиот натпревар на убавина „Мис Русија“ беше одржан во 1993 година и трае до денешен ден. Кои се тие најубави жени од Русија и што им се случувало во животите по победата?

Ана Бајчик, 1993

Виталиј Арутјунов „Мис Русија“ 1993. Ана Бајчик
Виталиј Арутјунов

Koга је доби круната Ана имаше само 16 години. Парите што ги доби за победата ги искористи за да оди со мајка си во Мајами. Не го одбра класичниот пат на манекенка туку се посвети на научна работа на Катедрата за меѓународно новинарство.

Ина Зобова, 1994

Мисс Россия „Мис Русија“ 1994. Ина Зобова
Мисс Россия

По победата, Ина дипломираше на Московскиот државен универзитет (МГУ) и си најде работа во Париз каде направи врвна манекенска кариера. Има учествувано на ревии на Yves Saint Laurent, Hermes, Givenchy и на многу други модни куќи и се појави на насловните страници на светски модни списанија. Живее во Париз со момчето Бруно Авејан, француски фотограф и режисер.

Елмира Тујушева, 1995

Мисс Россия „Мис Русија“ 1995. Елмира Тујушева
Мисс Россия

Елмира ја освои титулата кога имаше 18 години по што го напушти факултетот и започна манекенска кариера. Заедно со манекенството се обиде и како глумица. Дури доби и улога во филмот „Сјај“ („Глянец“) на признатиот руски режисер Андреј Кончаловски.

Александра Петрова, 1996

Александар Овчиников / TASS „Мис Русија“ 1996. Александра Петрова
Александар Овчиников / TASS

По победата на натпреварот 16-годишната Александра беше преплавена со договори со странски компании. Најголемата понуда беше договорот со агенцијата Ford Models, но таа ја одби зашто условот беше да ослабне, да научи англиски и да се потстриже кусо. Судбината на Александра беше трагична. Два дена пред својот 20 роденден беше убиена со куршум во глава во својот роден град Чебоксари. Излезе дека убиецот го чекал нејзиниот партнер, локалниот шеф на мафијата, а девојката случајно се нашла на местото на пресметката.

Елена Рогожина, 1997

Николај Никитин / TASS „Мис Русија“ 1997. Елена Рогожина
Николај Никитин / TASS

Две години по победат во Русија, Рогожина ја освои титулата „Мис Европа“, се омажи за бизнисменот Денис Ершов и започна кариера на модел во Лос Анџелес. Работеше таму една и пол година, а потоа се врати во Европа. Не се промовираше како личност од високото општество. Роди ќерка, а потоа и син. По смртта на нејзиниот сопруг во 2017 година, Елена започна да се занимава со бизнис и стана сопственичка на козметички салон и на бутик за облека на брегот на Црното море во Бугарија.

Ана Малова, 1998

Patrick McMullan / Getty Images „Мис Русија“ 1998. Ана Малова
Patrick McMullan / Getty Images

Ана се бореше за титулата од 1993 година, а посакуваната круна ја доби во 1998 кога имаше 26 години. Потоа, како и многу победнички, се пресели во САД, каде се појавуваше во јавност како лице на определени рекламни кампањи. Извесно време беше во врска со милијардерот Џорџ Сорос, како и со комичарот Гари Шендлинг. По неуспешниот обид за фалсификување рецепт, во 2010 година во судска постапка беше осудена на принудно лекување од наркоманија.

Ана Круглова, 1999

Антон Денисов / TASS „Мис Русија“ 1999. Ана Круглова
Антон Денисов / TASS

Ана победи на натпреварот кога имаше 17 години, а потоа донесе невообичаена одлука никогаш повеќе да не учества на слични настани и му се врати на обичниот живот.

Оксана Фјодорова, 2001 (* во 2000. година натпреварот не се одржа)

Антон Денисов / TASS „Мис Русија“ 2001. Оксана Фјодорова
Антон Денисов / TASS

Заврши полициска школа, а во 2001 година ја освои титулата „Мис Русија“ и стана мошне невообичаен полицаец (има чин капетан на полиција). Оксана е најпознатата учесничка на овој натпревар во Русија. Подоцна ја освои круната „Мис Универзум“ и направи кариера како телевизиска водителка и глумица.

Светлана Корољова, 2002

Дмитриј Коробејников / Sputnik „Мис Русија“ 2002. Светлана Корољова
Дмитриј Коробејников / Sputnik

Истата 2002 година ја освои и титулата „Мис Европа“ и започна кариера како манекенка. Поседува бренд класична женска облека.

Викторија Лопирјова, 2003

Марат Абулхатин / TASS „Мис Русија“ 2003. Викторија Лопирјова
Марат Абулхатин / TASS

По изборот за „Мис Русија“ 19-годишната Викторија се пресели во Москва и започна да работи на централната телевизија како водителка на спортски програми. Во 2018 година беше амбасадор на Светското првенство во фудбал.

Диана Зарипова, 2004

Михаил Фомичев / TASS „Мис Русија“ 2004. Диана Зарипова
Михаил Фомичев / TASS

Откако ја освои титулата „Мис Русија“, Диана уште неколку пати учествуваше на меѓународни натпревари, а потоа го напушти манекенството. Дипломираше, се омажи и роди две деца.

Александра Ивановска, 2005

Алексеј Никољски / TASS „Мис Русија“ 2005. Алекандра Ивановска
Алексеј Никољски / TASS

По победата на натпреварот Александра во јавноста започнаа да ја мешаат со личност која беше порно-глумица. И покрај фактот што таа личност снимаше филмови кога Александра имала само 5 години, новопечената убавица започнаа да ја обвинуваат за такво минато. Поради тоа Александра го напушти јавниот живот и кариерата на модел и стана фризер-стилист.

Татјана Котова, 2006

Григориј Сисојев / TASS „Мис Русија“ 2006. Татјана Котова
Григориј Сисојев / TASS

Татјана постигна успех на естрадата. Две години беше член на популарната поп-група „ВИА Гра“, а потоа започна солокариера.

Ксенија Сухинова, 2007

Максим Шеметов / TASS „Мис Русија“ 2007. Ксенија Сухинова Максим Шеметов
Максим Шеметов / TASS

Следната 2008 година Ксенија ја освои титулата „Мис на светот“. Се впушти во врска со милионерот Сергеј Говјадин и се вработи како манекенка во Њујорк. По раскинувањето Ксенија ја продолжи кариерата и извесно време беше заштитно лице на брендот L’Oréal Professionnel.

Софија Рудева, 2009 (* во 2008 година натпреварот не се одржа)

Руслан Кривобок / Sputnik „Мис Русија“ 2009. Софија Рудева
Руслан Кривобок / Sputnik

Победата на Софија беше проследена со голем скандал зашто за време на натпреварувањето се појави нејзина еротска фотографија што ја имала направено за странско списание кога имала 15 години. По натпреварот неколку години беше во медиумскиот простор, а потоа исчезна и повеќе не е активна дури ни на социјалните мрежи.

Ирина Антоненко, 2010

Мисс Россия „Мис Русија“ 2010. Ирина Антоненко
Мисс Россия

Ја напушти манекенската кариера и се определи за глума. Прекрасно дебитираше во филмот „Фантом“ на режисерот Тимур Макмамбетов.

Наталија Гантимурова, 2011

Руслан Кривобок / Sputnik „Мис Русија“ 2011. Наталија Гантимурова
Руслан Кривобок / Sputnik

По натпреварот, Наталија се запиша на еден од најдобрите универзитети во земјата, РГГУ (Руски државен хуманистички универзитет) на одделот за меѓународни односи и странски регионални студии и повремено се појавуваше на модните писти. Сега е блогерка.

Елизавета Голованова, 2012

Мисс Россия „Мис Русија“ 2012. Елизавета Голованова
Мисс Россия

Елизавета тврди дека манекенството никогаш не ја интересирало и дека учеството на натпреварот било само експеримент. Претставничката на вистинска медицинска династија, ја прекина семејната традиција и стана успешна адвокатка.

Елмира Абдразакова, 2013

Мисс Россия „Мис Русија“ 2013. Елмира Абдразакова
Мисс Россия

На Елмира победата ѝ донесе големи главоболки. По натпреварот на социјалните мрежи добиваше илјадници пораки од оние што не се сложуваа со нејзината победа и сите беа главно поврзани со нејзиниот изглед и со етничкиот идентитет. Повремено мораше да ги брише страниците на социјалните мрежи и да се повлече од јавното поле.

Јулија Алипова, 2014

Вјачеслав Прокофјев / TASS „Мис Русија“ 2014. Јулија Алипова
Вјачеслав Прокофјев / TASS

Јулија не ја продолжи кариерата на манекенка. Заврши две високи школи и се стекна со звањето инженер во термоенергетика и преведувач по англиски јазик.

Софија Никитчук, 2015

Артјом Коротајев / TASS „Мис Русија“ 2015. Софија Никитчук
Артјом Коротајев / TASS

Кариерата на Софија ја уништи скандал. Таа за насловна страница на едно списание позираше гола, обвиена во руско знаме, што беше повод обвинителството да започне истрага. Обвинението (поради непочитување на националните симболи) не беше покренато, но Софија повеќе не се појави во јавност.

Јана Добровољскаја, 2015

Мисс Россия „Мис Русија“ 2016. Јана Добровољскаја
Мисс Россия

По натпреварот, Јана се запиша на Московскиот универзитет за психоанализа и стана психолог. Продуцентите и понатаму се обидуваат да ја намамат убавицата во разни реални програми, но таа ги одбива сите понуди. Јана тврди дека никакви пари и слава нема да ја натераат да учествува во реални шоу-програми.

Полина Попова, 2017

Вјачеслав Прокофјев / TASS „Мис Русија“ 2017. Полина Попова
Вјачеслав Прокофјев / TASS

Полина по победата мошне брзо исчезна од јавниот живот, како што исчезнаа и вестите за новата Мис Русија. Се определи за семеен живот, се омажи и роди син. Ништо не зборува за таткото на нејзиното дете и ретко се појавува на социјалните мрежи.

Јулија Пољачихина, 2018

Сергеј Бобиљев / TASS „Мис Русија“ 2018. Јулија Пољачихина
Сергеј Бобиљев / TASS

Јулија од детство мечтаела да биде манекенка, но не успеа во кариерата. Познато е дека неколку години по натпреварот роди ќерка со олигархот, банкарот Рустам Тарик.

Алина Сањко, 2019

Сергеј Бобиљев / TASS „Мис Русија“ 2019. Алина Сањко
Сергеј Бобиљев / TASS

Девојката се пронајде себеси во креативноста. Се занимава со сликање, а има дипломирано архитектура.

Ана Линикова, 2022. (* поради пандемијата натпреварот не се одржа две години)

Вјачеслав Прокофјев / TASS „Мис Русија“ 2022. Ана Линикова
Вјачеслав Прокофјев / TASS

Работниот стаж на Алина започна во фабрика, а заврши со илјадници договори за манекенска работа. За тоа што работи оваа убавица, пишувавме тука.

<