
Како познат руски писател на почетокот на ХХ век правеше 3Д фотографии

Леонид Андреев пред повеќе од 100 години правеше тродимензионални снимки!
- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа

Бројни книжевни дела на Леонид Андреев влегоа во ризницата на светската литература. Меѓутоа, писателот имаше и други интереси покрај книжевноста.

Така, на пример, во својата куќа ги воведуваше најновите достигнувања на науката и технологијата, па веќе на почетокот на ХХ век имаше струја, телефон и канализација.

За фотографијата се заинтересира во 1902 година и набави два фотоапарата. Едниот обичен, а другиот за стерео фотографии, што му овозможи да прави тродимензионални снимки кои денес ги нарекуваме 3Д.

Со примена на специјални очила се создава впечаток на тродимензионалност. Но, овој ефект може да се постигне и без нив. Приближете ја до носот следната фотографија и гледајте додека двете слики не се преклопат.

Дали успеавте?



