Во некои градови во Русија има ФИКТИВНО МЕТРО

Kirill Kallinikov/Sputnik, NASA, Pixabay
Kirill Kallinikov/Sputnik, NASA, Pixabay
Во сложените климатски услови во Русија, светло, топло и функционално метро во сите временски услови е сон на секој град. Меѓутоа, тој луксуз е достапен само во големите градови.

Останатите можат само да сонуваат. Така, жителите на некои градови толку многу сакаа да добијат подземна железница што едноставно ја измислија.

Барнаул

Официјален сајт на барнаулското метро
Официјален сајт на барнаулското метро

На почетокот тоа беше првоаприлска шега на локалниот жител Данила Чуров. Легендата вели дека во 1972 година во регионот била забележана рекордна жетва, а генералниот секретар на партијата Леонид Брежнев наредил таму да се воведе метро за да се поттикне работниот народ на нови победи. На жителите на Барнаул им се допадна оваа идеја, а на блогот веќе има илјадници потписници.

Валдај

Тимофеј Шутов
Тимофеј Шутов

Во 2003 година, редакцијата на порталот посветен на градот објави водич во вид на план на метрото. На Валдај веќе има патокази за „влезовите“ во станиците.

Набережние Челни

kametro.narod.ru
kametro.narod.ru

Авторот на проектот е непознат. Како што е напишано на веб-страницата на метрото, изградбата започнала во 1975 година „во врска со привлекувањето работници во КАМАЗ“. Планот вклучува 13 станици, од кои три се во „изградба“.

Липецк

transport.lipetsk.ru
transport.lipetsk.ru

„Метрото“ во Липецк е создадено во 2002 година. Картата на метрото е слична на московската, кружна линија со радијална.

Кореновск

Официјален сајт на кореновското метро
Официјален сајт на кореновското метро

На мапата на метрото има три линии и 18 станици. Може да се добие бесплатно на секоја билетарница на 12 светски јазици, вклучително и хинди. Посебно радува тоа што цената на билетот не поскапува, „едно возење чини, како и досега, еден жетон“.

<