„Робинзонка“ од семејство на староверци целиот живот го помина во тајгата

Александар Рјумин / TASS
Александар Рјумин / TASS
Група геолози во 1978 година пронајде семејство во сибирската тајга кое 40 години живеело отсечено од цивилизацијата. Семејството староверци Ликови дошло овде во 1937 година и повеќе немало никаков контакт со светот. Ликови живееле во студена колиба и јаделе тоа што успеале да го одгледаат или уловат.
Архивска фотографија Ликови
Архивска фотографија
Иљја Питалев / Sputnik
Иљја Питалев / Sputnik

Геолозите го запознаа ова семејство со техничките достигнувања како што се кружната пила, стругот, целофанот и телевизорот кој на Ликови многу им се допадна. Малку по малку ги прифаќаа работите неопходни во секојдневниот живот, солта, виљушките и ножевите, хартијата, моливите и ламбите. 

Александар Рјумин / TASS Агафја Ликова
Александар Рјумин / TASS
Дмитриј Коробејников / Sputnik Агафја Ликова
Дмитриј Коробејников / Sputnik

Без оглед на помошта на геолозите, здравјето на многу членови на семејството беше нарушено од неухранетост и суровите услови за живот. Полека умираа еден по еден и на крај остана само најмладата ќерка Агафја.

Иљја Питалев / Sputnik Агафја Ликова
Иљја Питалев / Sputnik

Денес таа има 79 години и сè уште живее на истото место каде што геолозите го најдоа нејзиното семејство. Вистина, нејзиниот живот е многу полесен сега. Вработените и волонтерите во локалниот резерват ѝ носат храна и пошта, а повремено има и помошници во домаќинството.

Иљја Питалев / Sputnik Агафја Ликова
Иљја Питалев / Sputnik

Рускиот милијардер Олег Дерипаска, кому Агафја се обрати за помош, во 2021 година ѝ изгради дрвена куќа.

Александар Рјумин / TASS
Александар Рјумин / TASS

<