Натпревар од Купот на Русија одигран на пловечки терен 👀

Монтажата на теренот на пловечкиот док чинеше 20 милиони рубли. На него се одигра натпревар во рамките на Купот на Русија, а сега се очекува доаѓањето на репрезентацијата.

Монтажата на фудбалскиот терен на пловечки док во Баренцовото море за одржување на натпревар во рамките на Купот на Русија меѓу  „Динамо“ од Киров и аматерскиот клуб „2Drots“ од Москва чинеше околу 20 милиони рубли (околу 191 илјада евра). Натпреварот се одигра на територијата на Центарот за изградба на големи поморски објекти во населбата Белокаменка во Мурманската област.

Илья Питалев / Sputnik
Илья Питалев / Sputnik

На тоа место за фудбалскиот натпревар е изградена привремена арена. Поставени се трибини за 750 гледачи. Според информациите, на натпреварот можеле да влезат само лица со специјални пропусници и лична карта.

На платформата е поставен терен со вештачка трева, со големина пропишана од ФИФА - 105x68 метри.

Илья Питалев / Sputnik
Илья Питалев / Sputnik

Од Руската фудбалска федерација посочуваат дека планираат да одржат серија фудбалски настани на препознатливи географски локации низ земјата. Натпреварот на брегот на Колскиот залив во Баренцовото море беше првиот од таквите.

„2Drots“ го победи „Динамо“ од Киров со резултат 2:0.

<