Аргентинец во голема заблуда! Еве зошто не треба да се китите со руската „ѕвезда на крадец“
- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
На раката на Сантијаго Капуто е испишана фразата: „Куќа, викендичка и штедна книшка, глисер, кола и гаража ќе ми ја смират желбата (Хата, дача и сберкнижка, катер, тачка и гараж успокоит мою блаж)“. Се наведува дека оваа тетоважа ја презел од книгата Russian Criminal Tattoo Encyclopaedia, во која се собрани голем број фотографии од советски криминални тетоважи.
Во текстот на тетоважата има две правописни грешки, но тоа е најмалиот проблем. Пред сé, чудно е тоа што самата изјава не изгледа како да припаѓа на криминалниот свет. Сите тие „желби“ би ги посакал некој новопечен богаташ, функционер или спонзоруша, а не вистински руски криминалец. И многу посериозна е уште една грешка, која се однесува на „ѕвездата на крадец“ под текстот.
Во рускиот криминален свет, таква ѕвезда можат да носат само криминалните босови. Обликот на ѕвездата доаѓа од тетоважата „роза на ветровите“, која некогаш ја носеле морнарите и пиратите. „Ѕвездите“, чии краци се поделени на црни и бели сегменти (токму таква се наоѓа на раката на Капуто), значат дека нивниот носител сее во светот „крадачко“ (црно) и „човечко“ (бело), т.е. претставува авторитет во двата света, криминалниот свет и светот на обичните луѓе.
„Ѕвезди на крадец“ носат само докажани мафијашки шефови, највисоката каста во криминалниот свет. Под клучната коска ѕвезда носат оние членови на криминалниот свет кои ги отфрлаат затворските правила. Кога ќе ја стави оваа ѕвезда, нејзиниот сопственик сака да порача дека никогаш нема да се понижува пред никого, ниту пред управата на затворот, ниту пред другите затвореници.
На подлактицата (како кај Капуто) оваа ѕвезда воопшто не се носи. Единственото место на раката каде што е дозволено да се носи оваа ѕвезда е надворешната страна на дланката. Во секој случај, според правилата на рускиот криминален свет, неа не може да ја носи никој кој не служел казна во руски затвор. Претставник на криминалниот свет може да „праша за ѕвездата“, односно да се распраша за статусот на носителот на таквата тетоважа. Ако се покаже дека тој никогаш не бил во затвор, тогаш неговата тетоважа треба насилно да се отстрани. Што значи дека ако Капуто наиде на вистински руски мафијаши, би можел да остане без рака.
Со други зборови, ако сакате руска тетоважа, првин научете нешто: 10 руски ЗАТВОРСКИ ТЕТОВАЖИ и нивните значења