
На Јамалскиот полуостров многудетните семејства добиваат „чумски капитал“

Најголемиот број руски одгледувачи на ирваси, околу 10 илјади од нив, живеат на сибирскиот полуостров Јамал. Тие им припаѓаат на домородните народи на Сибир: Ненците, Хантите и Сељкупите. Живеат во традиционални номадски шатори наречени „чум“.
- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа

Иако се работи за навидум едноставни станбени објекти, нивната цена може да се спореди со цената на еднособен стан во просечен руски град и не секој може веднаш да си дозволи сопствен чум.

Од 2021 година, семејствата на номадите во кои ќе се роди трето дете добиваат од властите на Јамало-Ненецкиот округ таканаречен „чумски капитал“. Тоа е всушност комплет за правење чум. Вклучува шпорет, долги стапови, даски за под, крзна, церада и санки.

Вкупната вредност на комплетот е 500 илјади рубли (околу 5 и пол илјади евра) и може да се добие само еднаш. До денес го добиле над 150 семејства.
