Што значи меѓусебното признавање на визите на Русија и Белорусија?

Legion Media
Legion Media
Секој што има виза за која било од овие две земји наскоро ќе може да ги посети и двете!

Во 2020 година Русија и Белорусија потпишаа договор со кој се регулира дека странските државјани и лицата без државјанство можат да влезат на територијата на двете земји, доколку имаат валидна виза за која било од земјите. Меѓутоа, договорот сé уште не стапи во сила.

Договорот од 2020 година 

Додека Русија и Белорусија преземаат чекори кон создавање на „Државна Унија“, меѓу двете земји беа потпишани голем број договори кои ја обезбедуваат интеграцијата. Еден од нив што би можел да ги интересира оние кои би сакале да ја посетат Русија е договорот склучен во 2020 година. Во документот се наведува дека странските државјани и лицата без државјанство можат да ги посетат и поминуваат низ Русија и Белорусија ако добијат виза од една од земјите. Тоа значи дека ако имате виза за Белорусија, можете да ја посетите или да поминете низ Русија без да мора да добиете посебна руска виза и обратно.

Соодветниот закон потпишан од претседателот Владимир Путин во јануари 2023 година беше објавен набргу потоа. Сепак, во моментот на објавување на овој напис, тој сè уште не стапи во сила.

Legion Media
Legion Media

Финеси што треба да ги знаете 

Во случај да сакате да ја искористите оваа можност откако договорот ќе стапи на сила, треба да земете предвид неколку детали.

  1. Договорот се однесува на визи, дозволи за привремен престој, постојан престој и документи за посета на меѓународни настани.
  2. Вашиот период на престој започнува од датумот кога сте влегле во која било од овие две земји. На пример, визата ви дозволува да останете во Русија и Белорусија вкупно 90 дена. Не можете да поминете 90 дена во Русија, а потоа да заминете за Белорусија, бидејќи дозволениот период на престој ви е истечен.
  3. Доколку на граѓаните на вашата земја не им се потребни визи за посета на Русија и Белорусија, можете слободно да се движите меѓу двете земји. Ако на граѓаните на вашата земја им треба виза за Русија, но не и за Белорусија или обратно - ќе ви треба виза.
  4. Работна дозвола, студиска виза, дозвола за привремен престој или дозвола за постојан престој во една од земјите ви овозможува да живеете, студирате или работите само во земјата што ги издала овие документи. Со други зборови, не можете да работите во Белорусија со руска работна дозвола и обратно.
  5. Ако ви е забранет влез во една од земјите, не можете да влезете во неа преку територијата на другата земја. На пример, ако ви е забранет влез во Русија, но можете да ја посетите Белорусија, тоа не значи дека можете да ја преминете руско-белоруската граница.
  6. Морате да се придржувате до законите на земјата што ја посетувате.
<