
Пепел од вулканот Ебеко го покри рускиот град Северо-Курилск

- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Северо-Курилск е покриен со пепел по скорашната активност на вулканот Ебеко, изјави за РИА „Новости“ жителот на градот Сергеј Лакомов.
„Ветрот во средата кај нас дуваше од запад. Затоа дел од исфрлената пепел ги покри улиците на нашиот град“, рече соговорникот на агенцијата.
Како што соопшти прес-службата на главната управа на Министерството за вонредни состојби за Сахалинската област, на 29 март стручњаците забележале кај вулканот исфрлање пепел три километри во висина.
Вулканот Ебеко е висок 1156 метри и се наоѓа на островот Парамушир, седум километри северозападно од Северо-Курилск. Редовна активност на вулканот (од слаба до умерена јачина) се бележи од 20 октомври 2016 година, што се смета за нормално. Најсилна активност беше забележана на 31 август 2018 година. Тогаш столбот од чад достигна висина од шест километри.