GW2RU
GW2RU

Питерболд – мачка родум од Петербург

Seregraff / Getty Images
Сте слушнале ли за питерболди? Санкт Петербург е познат не само по мачките во Ермитаж, туку и по оваа необична раса мачки брз влакно. Тие обожуваат да бидат со луѓе и задолжително си избираат свој „личен“ човек. Во самотија венеат, неопходно им е друштво.
Seregraff / Getty Images

Питерболдите се добиени како резултат на експерименти на фелинолозите. Во средината на 1990-тите, по парењето на донската мачка Афиногена Мифа и ориенталната мачка Радма фон Јагерхоф се родија четири мачиња. Тие беа зачетници на расата Питерболд. Светската федерација на мачки ја призна новата раса во 2003 година.

Legion Media

Питерболдите имаат специфичен облик на главата. Таа е долга и тесна, со очи во облик на бадем и големи уши. Тие се вкрстуваат како со ориентални, така и со сијамски мачки и изгледаат многу елегантно.

Legion Media

Од донската мачка се разликуваат по пофината телесна градба, малиот број набори на кожата и едвај забележливиот слој фини влакненца (кои обично ги губат до двегодишна возраст).

Евгений Харитонов / Getty Images