Почетoк на зимата во Јакутија: Првпат годинава забележани -60, луѓето излегоа на екстремна трка
- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
На стартот излегоа 70 луѓе, меѓу кои и аматери, но и спортисти од меѓународна класа. Живата во термометарот за време на трката покажуваше -47 степени.
Во зависност од полот и возраста луѓето трчаа од три до шест километри. Ваквите натпревари станаа традиција во Јакутија, а се одржуваат секоја година речиси четвртина век.
Претходниот ден утрото минимална температура во регионот беше забележана во селото Ојмјакон, каде што се спушти до -60, се наведува на веб-страницата на Јакутскиот хидрометеоролошки центар. Поради студот учениците се префрлија на онлајн настава.
Во другите северни населби на републиката температурата се движи од -50 до -45, додека во Јакутск е -38.
Ојмјакон се наоѓа на истокот на Јакутија, на надморска височина од 741 метар. Познат е како еден од „половите на студот“ на планетата. Најниската температура во Ојмјакон е измерена во 1924 година: -71,2 С.