
Овој Русин ја претвори вештината на везењето во улична уметност!

- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Александар Браулов е истовремено и успешен уметник кој одржува индивидуални изложби, аналитичар на компанијата „Роснефт“ и косопственик на дизајнерското студио „52factory“. Користејќи ја техниката на везот, тој прикажува советски градби, спомени од своето детство, кадри од филмови на руски режисери и познати изреки.

Првиот вез во градинка
Во интервју за The Art Newspaper Russia, Александар изјави дека првпат се обидел да везе уште во градинка, каде што ги учеле да везат по контура. Долго време не се навраќал на оваа активност, сé додека во третата-четвртата година на факултет не се обидел повторно да везе, едноставно затоа што во животот му недостигало творештво.
Подоцна Александар и неговата идна сопруга почнале да се занимаваат со меил-арт - испраќање уметнички писма и предмети по пошта или да создавање уметнички предмети од самото писмо. Тогаш го создаде меил-арт проектот „150 извезени лица“, што го доведе до врски.
Наследство на авангардата и руската кинематографија

Една од најчестите теми во делата на Александар е советскиот архитектонски модернизам. Со везење на советските згради тој сака да ја истакне нивната вредност и да го привлече вниманието врз потребата од зачувување на овие уникатни градби. Во моментов уметникот поседува 240 дела од овој тип.



Друга постојана тема на неговите дела е руската кинематографија. Александар везе впечатливи сцени од филмовите на современите руски режисери.


Документарен вез
Вака Александар ги класифицира своите дела за секојдневието: старица купува леб, девојче се лула, деца седат на санки до Снешко.



Многу од неговите дела се посветени на децата, а притоа не се работи само за желбата да се предизвикаат носталгични чувства. Александар посебно избира сцени кои зрачат со добрина и наивност, за да се стекне впечаток дека везот е изработен од шестгодишно дете.


Вез на улица
Александар често ги лепи своите дела на ѕидовите во реонот Коломна во Санкт Петербург. За да не ги оштети зградите, се труди своите дела да ги постави само преку стари огласи и плакати. Обично уметникот избира позитивни слики со содржина која го поправа расположението или познати цитати од советски цртани филмови и песни.


Освен тоа, Александар нема ништо против луѓето кои ќе ги пронајдат неговите дела да ги земат со себе. Надвор и онака не би издржале долго, бидејќи ткаенината во такви услови ја губи бојата и се кине.

Голем формат
Не сите дела на Александар се со мали димензии. Тој има и големи платна: „Биди силен и добар“ (2,5 х 1,45 м) и „Не плаши се од ништо“ (1,4 х 2,4 м).


Новото дело на Александар во голем формат наскоро ќе биде изложено на Биеналето на улична уметност „Атмосфера“ во Москва.